Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски го добил договорот со Бехтел и Енка од свиркачи, вели скандалозен е
Македонија

Мицкоски го добил договорот со Бехтел и Енка од свиркачи, вели скандалозен е

19/04/2023

AA

„Морам да кажам дека од свирачки го добивме целиот договор. Не знам дали е тој истиот, но еве ние ќе објавуваме во јавноста па Владата нека демантира дали е тоа така или не е тоа така. Ние го добивме истиот од свиркачи кои го доставија и го анализираме“, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање запрашан за договорот со „Бехтел и Енка“.

Мицкоски посочи дека секое јавно настапување ќе се користи за објавување нешто ново.


>> Биди дел од нашата Viber група <<

„Еве денеска можеме да кажеме дека овој договор на Ковачевски и Груби или Груби и Ковачевски е скандалозен по стотина основи и секое излегување во јавноста по еден основ ќе објавуваме. Ќе кажам денеска дека во договорот има еден елемент кој вели дека законодавството пред кој овој договор одговара е законодавството на Англија и Велс“, истакна Мицкоски.

Тој истакна дека ги анализирале и договорите на „Актор“ и на „Синохидро“ кои и едниот и другиот се поврзани со законодавството во Македонија. За разлика од тие два проекти овој проект важечко при евентуален спор ќе биде законодавството на Англија и Велс.


„Доколку утре имаме спор, а ќе имаме бидејќи во самиот договор нема цени од тоа што можевме да го видиме за најмалку 30 ставки. Тогаш ние ќе треба да се појавиме во Париз пред меѓународната стопанска организација и да го водиме тој спор“, кажа Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека при евентуален спор важечко не е законодавството на Македонија туку на Англија и Велс. Скандалот да биде уште поголем тој е сосема спротивен модел односно аглосаксонски модел и нема никаква врска со континенталниот модел како што е македонското законодавство.


„Втора работа која ќе ја кажам денеска е дека освен во клучните зборови напочеток на договорот зборот Фидик никаде понатаму во самиот договор не се споменува бидејќи велеа според Фидик ќе го прават, па така освен во клучните зборови никаде понатаму зборот Фидик го нема. Што е зборот Фидик? Тој е меѓународен стандард по кој се реализираат меѓународни договори“, вели Мицкоски.

Мицкоски упати повик до претседателот на Стопанската комора на Македонија да покани претставници од ВМРО-ДПМНЕ на настан за договорот со „Бехтел и Енка“.

„Го повикувам претседателот на стопанската комора на Македонија, Бранко Азески бидејќи организира претставување на овој договор во рамките на стопанската комора на кој ќе биде првиот вицепремиер Артан Груби и ќе го презентира да дозволи и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе од ВМРО-ДПМНЕ да бидат присутни на тој настан и да го презентираме нашиот став пред стопанствениците во Македонија за овој договор“, кажа Мицкоски.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy