Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Ги труеле граѓаните со канцероген мазут за да се стекнат со богатство од над стотици милиони евра
Македонија

Мицкоски: Ги труеле граѓаните со канцероген мазут за да се стекнат со богатство од над стотици милиони евра

12/03/2025

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос акцијата на МВР за случајот канцероген мазут и мерките издадени од судот, изјави:

„Па видете, јас не би ги коментирал одлуките на судот. Тоа сум го кажал многу пати во минатото. Но можам да кажам дека овие луѓе коишто правеле стотици милиони евра бизнис на грбот на граѓаните, практично се богателе на грбот на македонските граѓани со тоа што користеле, ете такви недозволиви, би рекол, средства и согорувале таков тип на недозволиви материи со што го загрозувале животот и го уништувале единственото право на живот коешто е уставно гарантирано за сите граѓани.

Довербата во судството е таква каква што е. Јас тука немам што да додадам. Секој оној којшто се огрешил пред законот ќе одговара, јас тоа сум го кажал многу пати во минатото, без разлика за кого станува збор.

Но, исто така дозволете ми да се заблагодарам и на Министерството за внатрешни работи, на Бирото за јавна безбедност и останатите припадници на МВР коишто беа вклучени во акциите. Затоа што мора еднаш засекогаш да владее правото, правната држава и таа да биде подеднаква држава за сите граѓани, а не само за едни да биде мајка, а за други маќеа.

Така што еве ги охрабрувам овие акции коишто се во насока на борба против организираниот криминал, како што е овој случај за којшто вие зборувате.“

А во однос на тоа дека станува збор за набавка на сомнителен мазут, со сомнително потекло и квалитет, премиерот Мицкоски додаде:

„Да почекаме истрагата да заврши и дури откако ќе заврши истрагата можеме да коментираме кои се сите основани сомневања за коишто овие лица ќе бидат обвинети. До тогаш ќе се држиме до она до коешто Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност го соопштија на јавноста.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy