
Мицкоски фрли лопата, почна изградбата на фабриката на „Авеста“
Премиерот Христијан Мицкоски ја фрли лопатата на поставувањето на камен-темелникот од новата инвестиција во Кичево на „Авеста“, вредна 40 милиони евра, која ќе отвори 600 нови работни места.
Фабриката за електронски батерии за автомобили, од белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ ќе се гради во слободната индустриска зона во Кичево.
Оваа инвестиција, вредна 40 милиони евра, во наредните години и низ повеќе инвестициски фази, ќе отвори 600 нови работни места, и треба да придонесе за поттикнување и развој на локалната економија, подобрување на животниот стандард и забрзување на економскиот раст на државата.