Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа без јасни критериуми
Македонија

Мицкоски: ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа без јасни критериуми

12/05/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Самитот Македонија 2025 порача дека Европската Унија била, е и останува наша цел.

Како што вели, за жал ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици втемелени на постигнувања или друг тип критериуми што важат за другите земји кои станале или се во процес да станат земји членки.

За нас, напомена, тие критериуми се од сосема поинаква природа.

„Дел од тие отстапки правени во минатото од голем дел од политичарите, се резултат на некои процеси во кои самите тие биле вовлечени па биле притиснати до ѕид и немале каде, дел од лекомисленост и чековерност, а дел од национална исплакнатост и неводење грижа ниту за жртвата дадена во минатото, ниту имале можност да имаат визија за иднината и сега, оваа Влада треба да живее со сето тоа и да се бори, дел од тој простор што некој претходно го зафатил, да го освои повторно. Тоа е тешко, не е лесно, но ќе се бориме“, порача Мицкоски.

Во таа борба, дополни, посветеноста е апсолутна и нивна стратегија била да го зафатат теренот и да ги претстават аргументите.

„Тоа е демократската алатка што ја имаме на располагање, немаме друга. Ние сме еден од најмалубројните народи и држави во Европа и тоа е единствениот начин. Тоа значи дека треба да бидеме два, три пати подобри од сите други ако сакате да звучите логично и другите да ве разберат и треба да научите да победувате и во Вашингтон и во Брисел и во Берлин и во Париз и во Рим,… ако сакате да испратите поинаква порака од онаа што била слушана години наназад“, порача премиерот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота

06/11/2026
Македонија

НЕКОИ СУДИИ ГИ РУШАТ СТАНДАРДИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Врховниот суд треба

06/11/2026
Македонија

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА

06/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не

06/11/2026
Македонија

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува

06/11/2026
Македонија

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената

06/11/2026
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
Македонија

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46639
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота ќе достигне 18 степени

06/11/2026

Времето в сабота, 7 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава

НЕКОИ СУДИИ ГИ РУШАТ СТАНДАРДИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Врховниот суд треба да даде одговори за „Ласкарци“

06/11/2026

Поединци во судството ги рушат стандардите што се постигнати со законските измени и со напорите на институциите за подобрување на

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА ПАЛАНКА? Ако нема коj друг,

06/11/2026

Повеќе од 1.000 грла крупен добиток, според процената на локалните власти, неконтролирано се движат низ Кривопаланечко, уништуваат насади и оштетуваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy