
Мицкоски: Ќе разговараме за идните чекори, во комуникација сме со Шабан Салиу
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека Владата останува посветена на разгледување на статусот на министерот без ресор Шабан Салиу, кој беше опфатен во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи во март годинава.
„Па да, треба да се видиме и да поразговараме. Веќе сме во комуникација за понатамошни чекори“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе следи разрешување на Салиу.
Иако во април Владата најави дека ќе размисли за негово разрешување, конкретна одлука сè уште не е донесена.