Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Ќе побарам поддршка од партијата за поднесување претставка пред Уставниот суд за ставање на времена мерка на Законот од 2021-ва година за патните исправи и пасошите
Македонија

Мицкоски: Ќе побарам поддршка од партијата за поднесување претставка пред Уставниот суд за ставање на времена мерка на Законот од 2021-ва година за патните исправи и пасошите

11/01/2024

AA

„Проблемот мора да го поделиме во два дела да ја констатираме фактичката состојба а потоа да нудиме решенија. Како е фактичката состојба? МВР не располага со доволен капацитет да може во така брз рок да бидат отприлика 2,5 – 2,7 милиони македонски пасоши кои се издадени да бидат променети согласно обврските кои се преземени а се дел од законско решение донесено во 2021-та година зошто? Затоа што таму имате два апарата кои работат од 7 до 10 часа на ден, секој од нив има капацитет од 120 пасоши на час или пак, ако тоа го сведеме во континуирана работа без прекин вие можете годишно максимум до половина милион патни исправи да промените. И тоа во идеални услови, под услов овие апарати да работат без дефект што значи дека се потребни 6 години со ова темпо и динамика да дојде до промена на сите патни исправи или со други зборови, ако 2021-ва година е донесен Законот тогаш најрано 2027-ма година може да се изврши промена на сите 2,5 – 2,7 милиони македонски патни исправи“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Претседателот Мицкоски додаде и дека втора работа што МВР и Спасовски ја прават е тоа што доцнат со набавката за обрасци.

„Втора работа МВР на чело со Спасовски доцни со набавка на обрасците потребни за да се издадат овие патни исправи. Зошто тоа го прави? Затоа што доаѓа техничка влада, технички министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе се создаде вакум простор до март кога треба да дојдат новите обрасци и тогаш на примитивен простачки начин да се обвинува идниот технички министер кој ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е целта политичка на Оливер Спасовски и тие кои моментално го водат МВР“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа на тоа дека и после 12 февруари личните карти се важечки.

„Трета работа која граѓаните треба да ја знаат е дека личните карти и после 12 февруари се важечки и дека пензионерите со тие лични карти ќе може да ја подигнуваат пензијата и понатаму дека тие лични карти во внатрешниот промет се валидни документи и немаат потреба да бидат загрижени дали ќе може да се гласа со тие лични карти бидејќи ќе може да се гласа бидејќи тие не се дел од промената на документите. Апелирам до граѓаните оние кои имаат важечка лична карта да бидат спокојни бидејќи таа и после 12-ти февруари останува во правниот промет во Македонија. Пензионерите ќе може да си ги подигнуваат своите пензии, вработените своите плати, студентите своите стипендии, кредити итн. Да не подлегнуваат на обидите на власта за манипулација а потоа да се сврти вниманието кон техничката влада односно кон техничкиот министер кој ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски истакна дека ќе предложат и опција за пролонгирање на рокот.

„Имаме две опции едната опција е во парламентот да се донесе закон со кој рокот ќе се продолжи и тоа е една од опциите. И втората опција што работи ВМРО-ДПМНЕ на што денеска ќе побарам поддршка од Извршниот и Централниот комитет е да се поднесе претставка пред Уставниот суд како суд кој се гризи за Уставот кој е над сите Закони и да се стави времена мерка на Законот од 2021-ва година да биде вон сила се до следно одлучување дали е тој уставен или не, а се однесува на патните исправи или пасошите. Доколку Уставниот суд е експресен како што видовме во минатото тогаш може уште во текот на следната недела да постапува и да ја донесе таа времена мерка. Еве да не се сведе тоа на партиско политичка преписка во парламентот, судот Уставниот суд одговорен за Уставот да донесе времена мерка вон сила се до следно негово одлучување дали е уставен или не е уставен и на тој начин другиот ден ќе нема редици такви какви што има“, заклучи Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42388
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy