Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Ќе го укинеме надоместокот за пристап на мрежа, но да ги видиме прво пресметките
Економија

Мицкоски: Ќе го укинеме надоместокот за пристап на мрежа, но да ги видиме прво пресметките

18/10/2024

AA

ВМРО-ДПМНЕ предизборно категорично најави дека веднашп по доаѓањето на власт ќче ја укине тарифата за пристап на мрежа од 200 денари како новововедена давачка за граѓаните за секое мерно броило за електрична енергија. Премиерот Христијан Мицкоски како одговор денес на новинарско прашање дали ќе се укине надоместокот пред формирањето на новите цени од 1 јануари 2025, рече дека прво ќе се разгледаат пресметките што ќе ги направи Регулаторната комисија за енергетика за трошоците на ЕВН Електродистрибуција.

– Ние ветивме дека таа давачка ќе биде укината и во текот на мандатот на оваа влада ќе биде укината. Во овој момент се прави консолидирање на електроенергетскиот сектор и мислам дека „Регулаторна“ ги прави пресметките. Тогаш ќе донесеме одлука што е најважна и најдобра за граѓаните, одговори МИцкоски.

ВМРО-ДПМНЕ во март декларативно и програмски се обврза дека првои што ќе направи е да укине давачката од 200 денари месечно за пристап на мрежа, која што е „незаконска и е воведена од власта во заминување“.

– По формирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе поевтинат сметките за струја, поради укинување на тарифата за пристап на мрежа. Тарифата за пристап на мрежа од 200 денари е нова давачка која ја воведе СДС со цел да собере повеќе пари од граѓаните во буџетот.  Платформа 1198 предвидува укинување на мрежарината воведена од СДС. Мрежарината од 200 денари е неоснована давачка која удира по џебот на граѓаните.

По формирање на владата ќе се ревидира тарифниот систем, и владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине мрежарината од 200 денари, на која кога ќе се пресмета и ДДВ од 18%, доаѓаме до сума од 236 денари, пари за кои веднаш ќе се намалат сметките. Со оваа мерка секое домаќинство ќе заштеди по 3.000 денари годишно. Идната влада ќе ја врати државата на народот. Заврши времето на грабежи,  гласи писмото што во март тогашната опозициска партија го упати во јавноста.

На ова претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, реагираше дека доколку се укине надоместокот за пристап до дистрибутивната мрежа во износ од 200 денари, тогаш евтината тарифа на струјата ќе се зголеми за речиси 15 отсто, а ќе поскапат и блок тарифите, најмногу оние од првиот и од вториот блок.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ ГО ОБВИНИ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ДЕКА „МЕШЕТАРИ“ ВО СДСМ

10/11/2025
Македонија

СЕДМИЦАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ Стабилно време дури после

09/11/2025
Македонија

Ѓорѓиевски: Со малку покажавме многу, видливо ги поправивме работите во

09/11/2025
Македонија

ФАТЕН 22-ГОДИШЕН ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН: Пијан со БМВ удрил во контејнери

09/11/2025
Македонија

ИЗЛИЗГАН КАМИОН ЦЕЛ ЧАС ГО БЛОКИРАЛ ПАТОТ СТРУМИЦА-НОВО СЕЛО Нема

09/11/2025
Македонија

МЕТЛАТА ЗАИГРА, БАГЕРИ ВЛЕГОА ВО ВАРДАР: Собрани 4.500 тони смет,

09/11/2025
Македонија

ИНЦИДЕНТ КАЈ СТРУГА: Од БМВ во движење пукано во воздух,

09/11/2025
Македонија

Инстаграм „експлодира“ во Македонија со 103.000 нови корисници, Фејсбук со

09/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ ГО ОБВИНИ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ДЕКА „МЕШЕТАРИ“ ВО СДСМ Лоби групи за рушење на

10/11/2025

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Стево Пендаровски, поранешен шеф на државата, дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа

СЕДМИЦАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ Стабилно време дури после среда

09/11/2025

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30

Ѓорѓиевски: Со малку покажавме многу, видливо ги поправивме работите во Градот Скопје

09/11/2025

Над 4 и пол илјади тони ѓубре е собрано во последните 72 часа, информираше вечерва новиот градоначалник на Град Скопје

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy