Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Ќе го блокираме Законот за амнестија кој го пуштија по скратена постапка
Македонија

Мицкоски: Ќе го блокираме Законот за амнестија кој го пуштија по скратена постапка

04/10/2023

AA

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија кој власта го пушти по скратена постапка изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за Тема на денот во дневникот на Сител, при што потенцираше дека ако се случи тој закон власта да го стави со европско знаме, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието.

– Не гледам што е европска вредност да амнестирате криминалци кои се осудени за перење пари, за насилство, да амнестирате луѓе кои помагале во најгрозоморниот чин во последната историја на Македонија, а тоа е убиството кај Смилковското езеро. Ако се случи да дојде тој закон со европско знаме ќе излеземе надвор од Парламентот и ќе побарам поддршка и од Извршниот и Централниот комитет да застанат позади оваа одлука, истакна Мицкоски.

Во однос на изјавата на Ковачевски дека власта ќе интервенирала со амандмани, Мицкоски прашува како може владата да интервенира со амандмани, а тие го правеле овој закон.

– Тој закон дошол на владина седница и требале да ги усогласат тие работи таму, зошто тогаш не ги усогласиле? Кога станува збор за овие луѓе се случувало да нема европско знаме, па да ги повлечат и да го стават со европско знаме, да почекаме да видиме, рече Мицкоски.

– Рековме дека ќе го блокираме со сите можности кои ги нуди Деловникот во Парламентот. Нашиот став и мојот личен став е јасен и ако дојде до злоупотреба на европското знаме ќе побарам одлука од Извршен и Централен комитет да го напуштиме парламентот, а ако дојде во нормална процедура тогаш ќе го блокираме, изјави Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на

20/06/2026
Македонија

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште

20/06/2026
Македонија

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари

20/06/2026
Македонија

Намалување на цената на горивата од понеделник, најави Мицкоски

20/06/2026
Македонија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека

20/06/2026
Македонија

Списокот за новиот владин кабинет до 1 јули пред пратениците,

20/06/2026
Македонија

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и

20/06/2026
Македонија

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со

20/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43846
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на родот, Закон за матична евиденција,

20/06/2026

Со пораки за еднаквост, прифаќање и видливост, денес од фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк започна осмата Парада на гордоста во

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште активен

20/06/2026

До 18 часот, на територијата на целата земја се регистрирани десет пожари на отворен простор, од кои девет се целосно

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари месечно; храната „голта“ третина од

20/06/2026

Четиричлено семејство во Македонија во јуни 2026 година имало потреба од најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy