Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски до Трајчулески: Oпозицијата си има свој обвинител, тој обвинител денес ја води истрагата за Кочани и се надевам дека ќе го охрабрите!
Македонија

Мицкоски до Трајчулески: Oпозицијата си има свој обвинител, тој обвинител денес ја води истрагата за Кочани и се надевам дека ќе го охрабрите!

24/04/2025

AA

Во собраниската расправа, премиерот Христијан Мицкоски се осврна на статусот на државниот обвинител Љупчо Коцевски, одговарајќи на прашање поставено од пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески. Во својот одговор, Мицкоски нагласи дека Коцевски бил избран како предлог токму од опозициските редови.

Трајчулески посочи дека Министерството за правда веќе започнало постапка за разрешување на јавниот обвинител, но, според него, по трагедијата во Кочани, Владата решила да му даде уште една шанса.

-Истрагата за Кочани ја води избран обвинител, предлог на Владата каде најголем чинител беше СДСМ и останатите коалициски партнери, како ДУИ. Што значи дека ние живееме во врвот на демократијата. Ретко видено на Балканот, опозицијата си има свој обвинител. Тој обвинител денес ја води истрагата и се надевам дека ќе го охрабрите, уште еднаш да се врати на назад на трите случаи за кои зборувам. Нема да биде дефокус за мене, 75 човечки животи тоа се трајно загубени животи и болка која семејствата ја носат. Тоа е за да повторува и да не се заборави. Мора да има виновници, сега нема виновници. А во овој случај во истрагата обезбедил 68 лица, рече Мицкоски.

Како што нагласи тој на седницата, нема да се заборават случаите како Модуларната болница, Беса Транс и Ласкарци и оти „нема да помогне ниту шверцерски поминатиот Кривичен законик со европско знаме“.

Пратеникот Трајчулески рече дека не е задоволен од одговорот на Мицкоски затоа што клучното прашање не е кој го избрал јавниот обвинител, туку дали Владата стои на ставот, кој го достави до Советот за јавни обвинители врз основа на мислење на Министерството за правда, за разрешување.

-Бараме одговори кои се мотивите за промената на таквиот став и се надевам дека министерот за правда еднаш ќе нè удостои нас како пратеници да поставиме прашање, затоа што е прашањето дали тој стои на тој став, рече Трајчулески.

Тој рече дека се интересираат до каде е предлогот на владејачката партија ЗНАМ за избор на обвинител со двотретинско мнозинство со мандат од шест години и дали тоа ќе влезе во закон, а не е прашањето чиј е Коцевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy