Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски до Ковачевски: Подобра тетка ти Жана да ја кандидираше, би била подобар кандидат за претседател од поданик на ДУИ, Стево Пендаровски
Македонија

Мицкоски до Ковачевски: Подобра тетка ти Жана да ја кандидираше, би била подобар кандидат за претседател од поданик на ДУИ, Стево Пендаровски

13/04/2024

AA

„Го слушам вчера Ковачевски од тука од Карпош вели дека тој не ја кандидирал тетка му Жана, не ја знам госпоѓата сигурно е прекрасна дама интелигентна. Но мој совет до него да ме прашаше ќе му кажев подобро Жана да ја кандидираат отколку измеќарот на Али Ахмети, Стево Пендаровски. Кога сме кај Стево Пендаровски сакам да потсетам на неколку работи затоа што ако не се потсетуваме ќе заборавиме, а јас не сакам да се заборават работите кои понатаму ќе бидеме обвинувани дека не сме ги кажале и не сме потсетиле“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош.

Претседателот Мицкоски истакна дека Стево Пендаровски го нема никаде пет години да се појави, а се фали дека решавал илјадници проблеми.

„Стево Пендаровски пет години го нема никаде и се фали дека решавал илјадници проблеми еве јас ќе му поставам едно прашање. Нека каже Стево Пендаровски не 1000, не 100, не 10, туку еден проблем кој тој го решил а јас можам да му набројам сега 10 кои ги создал. Па ќе го слушнете Стево како излегува на бина и небаре прв пат е на политичката сцена, а заборава дека цели 30 години битисува на македонската политичка сцена, па ќе го слушнете како тој ќе ви каже дека го осудувал криминалот и со тоа директно посочува дека владата на ДУИ и измеќарите од СДСМ се најкриминалната и најкорумпираната политичка гарнитура која некогаш ја водела Македонија“, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:

„Прашањето е по што Стево ќе биде препознаен овие 30 години откако функционира на македонската политичка сцена, дали некој може да ми каже која е добрата работа по која Стево ќе биде препознаен, јас не можам да се сетам, не памтам долго 30 години, но во последните 5 не можам да се сетам на една паметна работа која Стево Пендаровски ја направил, а можам на многу други лоши работи како на пример дека Гоце Делчев бил Бугарин, се сеќавате ли на таа работа, се сеќавате ли на Стево Пендаровски кога кажа дека ако не бил претседател и тој ќе се иселел од Македонија, имаме шанса 24 април да излеземе масовно сите и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, да гласаме за бројот 2 и да му помогнеме на Стево да почне да ги пакува куферите а потоа на 8 мај уште помасовно и жестоко да излеземе не само да ја направиме Македонија горда, туку да ја направиме твоја, ваша, наша Македонија“, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека ова се избори каде не треба да се наседне на лагата на СДСМ и Стево Пендаровски.

„Ова не се избори во кој треба да наседнеме на лагата која се обидува СДСМ и Стево Пендаровски да ни ја продадат дека ова биле избори за ЕУ и против ЕУ. Не, тоа е лага, сите ние сме за европска иднина, сите ние сакаме да ја видиме Македонија во Европската Унија, но тој пат со СДСМ не чини многу скапо, сите нивни предавства, договори, сиот срам и понижување кои го направија нивните влади изминативе децении не чинат премногу, не чинат криминалот, пљачката која ја прават позади завесата. Ова се избори од една страна за горда Македонија, достојна Македонија, за Македонија во која Гордана ќе биде претседател, за Македонија која коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја водат владата, Македонија на реформи, трансформација, економски просперитет. Од другата страна ја имаме како што би рекол нивната Македонија бидејќи тие ја делат Македонија на наша и ваша, погледнете го слоганот на Стево Пендаровски тој бил нашиот, а не вашиот претседател, тој бил претседателот на тие што го гласале, а не на сите граѓани“, дециден е Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy