Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски до бугарските европратеници: Повлечете ги амандманите ако навистина нема блокада!
Македонија

Мицкоски до бугарските европратеници: Повлечете ги амандманите ако навистина нема блокада!

17/06/2025

AA

Кога пријателството се условува, добрососедството се претвора во уцена, а историјата се користи како политичка алатка – тогаш неопходно е јасно да се постават границите. Премиерот Христијан Мицкоски недвосмислено порача дека Македонија нема да дозволи компромис кога станува збор за националниот идентитет.

Во време на засилени тензии меѓу Скопје и Софија, особено во пресрет на дебатата за извештајот за Македонија во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Мицкоски апелираше до бугарските европратеници да ги повлечат спорните амандмани со кои се предлага македонскиот идентитет да биде означен како „сегашен“.

– Очекувам на 24 јуни, бугарските членови во Европарламентот да покажат дека зборовите им се во склад со делата. Нека ги повлечат амандманите и нека дозволат извештајот да биде усвоен во европски дух – рече Мицкоски.

Според него, инсистирањето на Софија да го условува европскиот пат на Македонија преку јазични и идентитетски формулации, претставува опасен преседан.

Од бугарска страна, претседателот Румен Радев тврди дека не станува збор за блокада, туку за „почитување на веќе постигнатите договори“, повикувајќи се на Преговарачката рамка, Договорот за добрососедство од 2017 година и билатералните протоколи. Радев од Тирана порача дека Софија не поставува нови услови, туку инсистира на целосна имплементација на постоечките.

Но, како што укажаа македонските власти, Бугарија во практика не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на правата на Македонците во Бугарија. Дополнително, македонската заедница таму сè уште нема свој претставник во бугарскиот комитет за малцинства.

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, пак, од Самитот во Тирана, порача:

– Не бараме ексклузивитет, туку европски стандарди. Сакам мојата држава да биде како секоја друга во Европа, а не исклучок.

И додека македонските институции повикуваат на европски вредности, дијалог и заемна почит, Скопје испраќа јасна порака: македонскиот идентитет не е монета за поткусурување на патот кон ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy