Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Армијата е срцето на државата, силна Армија значи сигурна Македонија
Македонија

Мицкоски: Армијата е срцето на државата, силна Армија значи сигурна Македонија

18/08/2025

AA

По повод 18 Август – Денот на Армијата, премиерот Христијан Мицкоски упати честитка истакнувајќи дека Армијата претставува гарант за развојот и иднината на македонскиот народ.

„Денес го славиме Денот на Армијата – еден од темелите на државноста. Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение на илинденската и асномската идеја – идејата за независна и слободна Македонија. Нашите претци се бореле со срце, со жртва и со визија“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Тој нагласи дека Армијата денеска е симбол на новото време, во кое државата вложува во опрема, инфраструктура и подобри услови за достоинствен живот и работа на војниците.

„Оваа Армија стои рамо до рамо со сојузниците во светот, но и цврсто на својата земја, секогаш кога граѓаните се во неволја. Вие сте први на линијата на одбрана, но и први кои покажуваат што значи служење на народот. Армијата е срцето на државата – ако тоа срце чука силно, тогаш и државата е здрава и сигурна. Нашата Армија чука силно, затоа Македонија ќе оди напред. Да живее Армијата!“, порача премиерот.

Мицкоски денеска присуствуваше на централната свеченост по повод Денот на Армијата во касарната во Штип, каде обраќања имаа и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy