Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Алиу ќе донесе нова енергија во здравството, Хоџа ќе биде силна потпора во земјоделството
Македонија

Мицкоски: Алиу ќе донесе нова енергија во здравството, Хоџа ќе биде силна потпора во земјоделството

09/06/2025

AA

Во рамки на 54. седница на Собранието, се расправа по предлогот на Владата Азир Алиу да биде назначен за министер за здравство. Премиерот Христијан Мицкоски во образложението истакна дека Алиу, како доктор по информатички науки и професор со искуство во управување со системи и податоци, ќе внесе нова енергија и пристап во менаџирањето со здравствениот систем.

„Во време кога некои држави со еден клик добиваат дијагноза, ние сè уште трчаме. Време е тоа да се промени. Веќе направивме исчекори – започнавме со скрининг програми, ги намаливме листите на чекање, додадовме нови лекови на позитивната листа и работиме на законски измени. Во овој процес, доктор Алиу ќе има моја поддршка, но и силна лична одговорност“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека во изминатата година Владата чекор по чекор ја враќа довербата на граѓаните, градејќи институции кои служат подеднакво на сите.

Премиерот исто така го образложи и предлогот за Албрим Хоџа како заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Хоџа, како што наведе, е млад, но искусен кадар, кој ја познава состојбата на теренот и ќе биде силна потпора на министерот.

„Земјоделството не е само економија – тоа е живот. Тоа се семејства, полиња, храна, безбедност. За жал, со години беше запоставено. Ние отплатуваме долгови уште од 2021 година. Време е за системски пристап и визија за иднината“, потенцира Мицкоски.

Тој подвлече дека овие две кадровски решенија не се изолирани, туку дел од поширок процес на реформи и обновување на институциите.

„Од првиот ден, Владата има јасна цел – резултати. Не декларации, туку конкретни резултати. Во првите 100 дена обезбедивме стабилност, раст на економијата, зголемена наплата на даноци без зголемени стапки и нови инвестиции. Граѓаните конечно почнуваат да веруваат во систем што функционира. Денес гласате за продолжување на овој процес“, рече тој.

Според биографијата објавена на веб-страницата на Собранието, Азир Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки. Во моментов е редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024 година, и има извршувано и други одговорни функции. Алиу е член на Алијансата за Албанците, која остана дел од коалицијата „Вреди“ и по заминувањето на Арбен Таравари во опозиција.

Албрим Хоџа, предложен за заменик-министер, е новинар со повеќегодишно искуство. Дипломирал на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy