
Мицкоски: Ако за Иванов велеа дека е фикус, тогаш Пендаровски во изминатите 5 години беше вазна
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за време на митингот во Кочани синоќа, кажа дека Стево Пендаровски во изминатите пет години бил само една обична вазна, споредувајќи со тоа што неговиот претходник Ѓорѓе Иванов го нарекуваа фикус.
„Пендаровски се плаши. Го нарекуваа поранешниот претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ фикус. Јас за Пендаровски не би можел да кажам дека е фикус, затоа што тоа би било комплимент. Можам да кажам дека беше само една обична вазна во изминатите пет години која стоеше на витрина“, рече Мицкоски.
