Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицевски: Нема пазар со уставобранителите за уставни измени
Македонија

Мицевски: Нема пазар со уставобранителите за уставни измени

06/02/2023

AA

Пазар со уставобранителите и осудените за 27 април со уставните измени нема да има, тоа не го сакаат ни тие. Од она што го имаме како информации и од адвокатите кои зборуваме, не сакаат на крај на денот да ги третираат како терористи, затоа е и овој Закон за амнестија да се исприави огромната грешка со Законот за амнестија од 2018 и селективната правда, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Никола Мицевски за „10 минути“ на ТВ21.

Мицевски потенцираше дека уставобранителите биле уценувани да кажат дека имаат направено нешто за да добијат помали казни, не го сториле тоа и не бараат милост туку правда.

– Затоа ние како пратеничка група по инцијативата на двајцата адвокати ги повикавме на средба им укажавме на забелешките, се сложија и таа иницијатива е поднесена во Собрание на 3 февруари. Првата седница е на 13 февруари, очекуваме дека нема да имаме пречка или некој технички злоупотреби на процесот од страна на Џафери и истото ќе се најде на дневен ред, рече Мицески.

Тој додаде дека тоа што е важно е дека се опфатени сите осудени лица и со ова законско решение ќе исправи селективната правда.

Пред Врховниот суд има барање за вонреден правен лек и ова ќе значи забрзување на процесот за конечно овие луѓе да си ја најдат правдата и да не бидат селективно осудени, истакна Мицевски.

Мицевски додаде дека ако го следиме целиот овој процес ќе видиме дека најавените уставни измени беа најавени по изгласување на францускиот предлог дека власта ќе започнат со уставните измени.

Тој посочи дека потоа власта се помести за Уставни измени за почетокот на оваа година па сега гледаме дека одредени структури од СДС велат дека тоа би се случувало напролет или летото дури се оди и до таму што се зборува дека овој мандатен состав нема да направи уставни измени.

„Зошто го зборувам ова ? Затоа што можете да ја видите кохезијата која ја има во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери а со последниот закон кој го поднесовме законот за амнестија“, рече Мицевски

Мицевски посочи дека на законите предложени од опозицијата се потпишани сите пратеници, додека пак кај власта на еден закон не се потпишани сите пратеници.

„Законот за амнестија е потпишан од 44 пратеници и тоа е најголемиот број на пратеници во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“. Сега ќе прашам најдете закон на кој се потпишани сите пратеници од владејачкото мнозинство и коалицијата на СДС заедно на еден закон. Таков закон јас ве уверувам дека нема“, вели Мицевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy