Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мијалков си доби ослободителна пресуда и за предметот „Трезор“
Македонија

Мијалков си доби ослободителна пресуда и за предметот „Трезор“

22/02/2024

AA

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, Горан Грујовски и Тони Јакимовски, обвинети во случајот „Трезор“, денеска си добија ослободителна пресуда за случајот во врска со злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Основниот суд Скопје 1 донесе ослободителна пресуда утврдувајќи дека Јавното обвинителство не успеало да докаже ниту една од претпоставките кои се ставаа на товар на обвинетите.

Според нив, немало злоупотреба, немало искористување на службената положба, немало штета за државата и немало незаконски профит како што ЈО се обиде да креира впечаток во јавноста.

„За обвинетиот Сашо Мијалков, за обвинетиот Горан Грујевски, за обвинетиот Тони Јакимовски се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат. Одново прашањата се разјаснува од 15 февруари 2022 година. Судот постапувајќи во повторената постапка, согласно напатствијата од Апелација, закажа и одржа повеќе главни расправи. Обвинителството изврши и измена во однос на правната квалификација во однос на делата, на начин што сега, Сашо Мијалков и Горан Грујевски, сториле злоупотреба на службена положба и овластување… Наместо дејствието искористување на службената положба, се товарат за пречекорување на границите на службената положба“, рече судијката Имране Селмани.

Инаку, „Трезор“ го отвори екс Специјално јавно обвинителство (СЈО).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАГЛА НА ПАТНИТЕ ПРАВЦИ ТЕТОВО – ГОСТИВАР И КУМАНОВО –

22/12/2025
Македонија

НАМЕСТЕН ТЕНДЕР ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА, ИСПРАНИ 2 МИЛИОНА ЕВРА

21/12/2025
Македонија

Магија во длабочините на Охридското Езеро: Елка под вода за

21/12/2025
Македонија

СЛЕТАА 13, ПОЛЕТАА 13 АВИОНИ, ОТКАЖАНИ 20, А ПРЕНАСОЧЕНИ 2

21/12/2025
Македонија

Биланс од маглата: Дури 20 летови откажани денеска, но сообраќајот

21/12/2025
Македонија

ХАОС НА УНГАРСКАТА ГРАНИЦА: 33 автобуси полни со патници „заглавени“

21/12/2025
Македонија

ОТКАЖАНИ СЕ 20 ЛЕТОВИ, АЕРОДРОМОТ НЕ Е ЗАТВОРЕН Маглата предизвикува

21/12/2025
Македонија

Зимата пристигна точно во 16:03 часот – пред нас се

21/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39273
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАГЛА НА ПАТНИТЕ ПРАВЦИ ТЕТОВО – ГОСТИВАР И КУМАНОВО – СТРАЦИН Кај Сарамзалино – Штип

22/12/2025

Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри има на патните правци Тетово – Гостивар и Куманово – Страцин,

НАМЕСТЕН ТЕНДЕР ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА, ИСПРАНИ 2 МИЛИОНА ЕВРА Петрушевски ја објасни криминалната шема

21/12/2025

Криминалната шема на СДСМ и ДУИ во ЕСМ испрала 2 милиони евра пари на граѓаните, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ

Магија во длабочините на Охридското Езеро: Елка под вода за „малите херои“ со ретки болести

21/12/2025

Празничната магија не ги заобиколи ниту длабочините на Охридското Езеро. Традиционално, и оваа година блесна новогодишна елка под површината на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy