Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МФ: Усвоен Буџетот за 2025 година – инвестициите во фокусот за забрзување на растот
Економија

МФ: Усвоен Буџетот за 2025 година – инвестициите во фокусот за забрзување на растот

10/12/2024

AA

Собранието попладнево го усвои Буџетот за 2025 година кој е развоен, со вклучена социјална компоненета. Вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, додека расходите се планирани на ниво од 400,2 милијарди денари, при што буџетскиот дефицит е проектиран на апсолутен износ од 41,3 милијарди денари или 4 отсто од планираниот БДП. 

Буџетот за 2025 година, како што рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, образложувајќи го предлогот во Собранието, ги најавува промените во политиките коишто се во насока на остварување на планот за фискална консолидација, обезбедување фискална одржливост и поддршка на економскиот раст.

 „2025 година ќе биде година на инвестиции, инвестиции коишто ќе дадат додадена вредност и инвестиции коишто ќе го откочат тркалото и ќе не искачат на едно скалило погоре во остварување на повисоки стапки на економски раст. Инвестиции коишто создаваат реални услови за градење на една подобра иднина, а коишто ќе имаат и значајно позитивно влијание врз економската активност во наредната година“, рече министерката.

 Карактеристика на овој буџет е понискиот тренд на раст кај расходите во однос на трендот на раст на приходите. Односно проeктираниот раст на приходите е 13 отсто, а кај расходите за 10 отсто во однос на 2024 година, што пак придонесува кон консолидација и намалување на буџетскиот дефицит за околу 3,3 милијарди денари.

 За реализација на развојната компоненета со Буџетот се планирани 47,2 милијарди денари или со околу 4,6 отсто учество во БДП на годишно ниво, што ќе овозможи создавање предуслови за нов циклус на економски раст. 

 Со Буџетот се обезбедуваат средства за редовна исплата на плати, пензии кои истовремено ќе бидат зголемени за 2.500 денари од март 2025 година, за исплата на социјална права, како и за редовно сервисирање на обврските. 

Растот на економијата со Буџетот е проектиран на 3,7 отсто, додека инфлацијата на 2,2 отсто. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy