Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МФ: Се проширува поддршката од Трезорот на САД – Нов Договор за зајакнување на капацитетите за надзор над небанкарскиот финансиски сектор
Македонија

МФ: Се проширува поддршката од Трезорот на САД – Нов Договор за зајакнување на капацитетите за надзор над небанкарскиот финансиски сектор

04/03/2024

AA

Зајакнување на капацитетите во Министерството за финансии во делот на финансискиот систем е новото подрачје во кое продолжува поддршката што ја даваат САД преку Трезорот на САД во Министерството за финансии, која се реализира во рамки на потпишаната Спогодба помеѓу Министерството за финансии и Трезорот на САД во април 2023 година. На средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-помошник секретар во Трезорот на САД Џејсон Орландо, одржана денеска во Скопје, беше посочено дека преку оваа Спогодба се реализира еден од најголемите проекти на Трезорот на САД и дека станува збор за најголема поддршка што ја даваат на некоја земја на глобално ниво.

 

Експерти од Трезорот на САД во наредниот период ќе работат во Министерството за финансии на зајакнување на капацитетите во Министерството за финансии за спроведување теренски и вонтеренски надзор над небанкарскиот финансиски сектор, во насока на унапредување на процесите за заштита на потрошувачите и зголемување на финансиската едукација на населението. Ова се овозможува со денеска потпишаниот Договор помеѓу Министерството за финансии претставувано од министерот Фатмир Бесими и Трезорот на САД претставуван од заменик-помошник секретар Џејсон Орландо.

 

„Ова е дел од континуирана поддршка на САД за нашите стратешки цели, за нашата евроатлантска интеграција, за демократскиот и економски развој на земјата, како и севкупните достигнувања на внатрешен и надворешен план. Станува збор за соработка која вклучува четири области и со тоа претставува еден од најсеопфатните проекти на Трезорот на САД, а преку кој се дава најголема поддршка на една земја во глобални рамки. Поддршката е насочена кон унапредување на системот за управување со јавните финансии, кој го поставивме со донесувањето на новиот Закон за буџети, што е основа на  повеќе крупни реформи што ги спроведуваме во овој сегмент. Покрај поддршката во сегментот на управувањето со јавните финансии, како и во сегментот на надзор над небанкарскиот финансискиот сектор, за кој денеска потпишавме Договор, соработката се одвива и во областите на даночната и царинската администрација  и управувањето со јавниот долг. Тоа со цел да се опфати целиот циклус во управувањето со јавните финансии“, рече министерот Бесими.

 

Тој се заблагодари за реализираното од страна на експертите на Трезорот на САД кои веќе работат во Министерството за финансии, како и во УЈП и Царинската управа и очекува таа соработка да продолжи и да се прошири.

 

Експерти од Трезорот на САД по потпишувањето на Спогодбата во април минатата година веќе работат во секторот за буџетска политика,  даночна и царинска администрација, во секторот за управување со јавниот долг,  а се разгледува и можноста за нивно вклучување во делот на креирањето на економски политики и развој. Во областа на даночна и царинска администрација, експертите работат на зајакнување на капацитетите во ЦУ и УЈП како дел од напорите за реформи и модернизација во овие две институции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy