Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МФ: Преземаме мерки за одржување и јакнење на кадровскиот капацитет во јавната администрација
Македонија

МФ: Преземаме мерки за одржување и јакнење на кадровскиот капацитет во јавната администрација

01/02/2023

AA

Во услови кога се спроведуваат најзначајните реформи во јавните финансии, што се предуслов за забрзување на економскиот раст, но и дел од нашиот пат кон Европската Унија, неопходно е да ги зајакнеме професионалните, стручни кадри во Министерството за финансии, кое е носечка институција во финансиската сфера. Ние ќе ги преземеме сите мерки, високата одговорност која ја преземаат овие вработени кои работат со милијарди евра на граѓаните, но и стручност, да биде соодветно вреднувана, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими.

Бесими истакнува дека просечната плата во Министерството за финансии е дури два пати помала во однос на просeчната плата во целиот сектор Финансии 49.800, а во Министерството изнесува 26.000 денари, додека кога станува збор за раководните позиции во секторот Финансии и Министерството за финансии, овој сооднос е повеќекратно повисок.

„Финансиите се крвотокот на секое општество, додека Министерството за финансии е централната институција преку која се овозможува нормално функционирање на сите останати институции. Сепак, и покрај високата одговорност што произлегува од самата надлежност на Министерството за финансии, платите на вработените во Министерството за финансии се значително пониски од платите на одредени органи во состав на Министерството, додека просечната плата во Министерството за финансии е дури два пати помала во однос на просeчната плата во целиот сектор Финансии и изнесува 26.000 денари. Кога станува збор за раководните позиции во секторот Финансии и Министерството за финансии, овој сооднос е неколкукратно повисок. Во време на крупни реформи во јавните финансии и усогласување со acquis на Европската Унија, неопходно е стручните и професионални кадри, да останат во институцијата и да се спречи одливот на кадар, кој се случува изминатите години“, вели Бесими.

Министерот за финансии истакнува дека во оваа насока со амандман на новиот системски Закон за буџети, предложен и поддржан од страна на пратениците во Парламентот, интенцијата беше решавање на прашањето во насока на обезбедување соодветни и фер услови согласно одговорноста.

Но, бидејќи со оваа одредба на Законот не може, да се постигне самата цел на Законот, односно наградување на сите тие што се вклучени во подготовката и спроведувањето на државниот буџет, поради неможноста на утврдување на специфичноста на работните задачи и посебната одговорност која произлегува од работната позиција, примената ќе ја регулираме со допрецизирање на одредбата од Законот за Буџети или со самиот Закон за систем на плати во јавниот секторот, кој е во завршна фаза на подготовка како системско решение ва рамки на јавниот сектор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy