Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МФ: Општините Тетово, Виница и Желино ќе ги намируваат доспеаните обврски со поддршка од централниот буџет
Економија

МФ: Општините Тетово, Виница и Желино ќе ги намируваат доспеаните обврски со поддршка од централниот буџет

24/10/2023

AA

Општините Тетово, Виница и Желино, се трите локални самоуправи кои на нивно барање а со поддршка од централната власт ќе ги намируваат доспеаните обврски и со тоа ќе ги зајакнат своите финансиски капацитети. Денеска министерот за финансии Фатмир Бесими и градоначалниците Билал Касами, Миле Петков и Блерим Сејдиу ги потпишаа договорите за користење на структурните обврзници издадени од Министерството за финансии за овие три општини.

Структурните обврзници се нов финансиски инструмент, кој е воведен со Законот за финансирање на единиците на локалните самоуправи и дава можност на општините да ги користат за подмирување на доспеани, а неплатени обврски. Се издаваат на 10 години и со нив се овозможува репрограмирање на обврските, но и можност за консолидирање на своите буџети и можност да се фокусираат на својот развој. Износот за издадените обврзници ќе го враќаат во 10-годишни еднакви рати.

Министерството за финансии издаде структурни обврзници во вкупен износ од 275 милиони денари, од кои од 250,2 милиона денари за Тетово, 21,7 милиони денари за Желино и 2,5 милиони денари за Виница. Општините со потпишување на договорите, издадените обврзници можат да ги користат за исплата на обврските кон доверителите, кои пак со издадените обврзници можат да подмируваат обврски кон Управата за јавни приходи или со нив да тргуваат на секундарниот пазар на Берзата.

„Ова се први структурни обврзници кои ги издаде Министерството за финансии, согласно новиот реформски Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со кои се обезбедуваат повеќе средства за локалните власти, а со цел нивна финансиска стабилност и испорачување квалитетни услуги. Општините Тетово, Виница и Желино, беа локалните самоуправи кои ја искористија оваа еднократна можноста од Законот и поднесоа барање во законски утврдениот рок за издавање структурна обврзница и со тоа да обезбедат средства за исплата на обврските и да се посветат на својот развој“, рече министерот Бесими.

Издавањето на структурните обврзници е дел од предвидената реформа за унапредување на фискалната децентрализација и дел од пошироката реформа во управувањето со јавните финансии.

Тие претставуваат еден од инструментите кои им стојат на располагање на општините. Односно, за зајакнување на нивната финансиска стабилност општините можат да користат и условенкредит исто така од Министерството за финансии и општинска обврзница за познат купувач – Министерството за финансии. Дополнително со измените на Законот за  финансирање на единиците на локалната самоуправасе обезбедија повеќе средства преку зголемување на трансферите од централниот буџет кон општините по основ на данок на личен доход од 3% на 6% и по основ на ДДВ од 4,5% на 6%.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy