Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МФ: Конзистентноста во политиките, напорите за фискална консолидација и економски раст потврдени од „Стандард и Пурс“, задржан кредитниот рејтинг
Македонија

МФ: Конзистентноста во политиките, напорите за фискална консолидација и економски раст потврдени од „Стандард и Пурс“, задржан кредитниот рејтинг

30/01/2024

AA

Нова потврда за конзистентноста на политиките на Владата за фискалната одржливост и перспективи за економски раст. РС Македонија го задржа кредитниот рејтинг ББ-со стабилен изглед од Агенцијата „Стандар и Пурс“ и покрај неповолните надворешни влијанија. Агенцијата очекува забрзан економски раст, умерено ниво на јавен долг и фискална консолидација. Позитивно влијание се очекува од напредокот во ЕУ интеграцијата.

Во најновиот извештај „Стандард и пурс“ очекува растот на БДП да забрза во 2024 година на 2,9% (2% во 2023) поттикнат од посилната лична потрошувачка, поддржана од реалниот раст на платите, тековните инфраструктурни проекти, вклучително Коридорите 8 и 10д, како и растот на извозот. Според Агенцијата потенцијалите за раст во земјата ги неутрализираат неповолните влијание од случувањата кај главните трговски партнери, пред се Германија. Јавниот долг се нотира во Извештаот дека ќе остане на умерено ниво и ќе се стабилизира на ниво од околу 53% од БДП во периодот 2024-2027 година. Агенцијата оценува дека се преземени активности за соодветно управување и со каматните плаќања и дека тие се пониски во однос на многу други земји со сличен кредитен рејтинг.

Агенцијата посочува и на напорите за фискална консолидација. Со усвоениот Буџет за 2024 година буџетскиот дефицит кој е проектиран на 3,4% покажува намалување во однос на дефицитот од 2023 година од 4,6% од БДП. Агенцијата очекува тој тренд на буџетска консолидација да продолжи со фокусот на Владата врз економскиот раст и реализација на инфраструктурните проекти. Клучно за фискалната конслидација, според „Стандард и Пурс“ е строго придржување до правилата од новиот Закон за буџети.

Членството во ЕУ го посочуваат како клучен фактор за долгорочен структурен и институционален развој, поддршка на економскиот раст и справување со емиграциските предизвици. Клучно е спроведувањето на структурните реформи, а меѓу ризик факторите е нотирано надворешното влијание, изборниот циклус и условите на финансиските пазари. Во однос на инфлацијата посочуваат на наглото забавување во декември 2023 година и очекуваат нејзино стабилизирање.

Од страна на „Стандард и пурс“ е посочена важноста на добиената потврда од ММФ за првиот преглед на ПЛЛ програмата и достапноста на средства од оваа Програма, како и до други извори на финансирање.

Политиките на земјата, покрај со потврдениот кредитен рејтинг од оваа Агенција, од почетокот на годината добија потврда и од ММФ и од Светска банка со новопотпишаната Рамка за партнерство.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy