Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МФ: Денеска истекува рокот за купување граѓански обврзници од втората емисија
Македонија

МФ: Денеска истекува рокот за купување граѓански обврзници од втората емисија

06/11/2023

AA

Денеска истекува рокот во кој граѓаните можат да запишат граѓански обврзници од втората емисија, за која аукцијата ќе се одржи утре. Барањето за учество на аукцијата и уплата на средствата за кои граѓаните сакаат да купат граѓански обврзници може да го направат во сите деловни банки во земјата.

Министерството за финансии, проспектот за втората емисија Граѓанска обврзници го објави на 18 октомври на износ од 10 милиони евра. Граѓаните имаат можност да уплатат средства за запишување граѓански обврзници денеска, а утре ќе се одржи аукцијата по што почнува процесот на запишување на граѓанската обврзница на име на граѓаните во Централниот депозитар за хартии од вредност.

Граѓаните кои ќе запишат граѓански обврзници за својата инвестиција ќе добијат камата или принос од 5% годишно, односно за две години вкупно 10% на вложениот износ. Исплатата на првиот купон ќе се изврши на 14 ноември 2024 година, додека вториот купон, односно каматата за втората година на 14 ноември 2025 година, истовремено со исплатата на вложените средства. Граѓаните можат да вложат минимално 10.000 денари, со купување на една граѓанска обврзница.

Граѓанската обврзница е нов инструмент на домашниот финансиски пазар кој го издава државата. Инвестицијата во граѓанска обврзница е безризична и сигурна, носи атрактивен принос за граѓаните и при тоа ја штити вредноста на нивните пари.

Граѓанската обврзница на пазарот е присутна од јули оваа година кога беше објавена првата емисија, а на која граѓаните пројавија 2,5 пати поголем интерес од износот кој беше објавен со Проспектот. Граѓанската обврзница на финансиски инструмент ќе биде присутна во континуитет на пазарот.

Покрај граѓанската обврзница како нов инструмент Министерството за финансии ја лансираше и Зелената обврзница, а ќе следуваат и развојната и проектната обврзница. Целта на овие обврзници е мобилизирање на приватниот капитал во функција на развојот и  забрзување на економскиот раст.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАЛОЛЕТНИЦИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ОГРАБАТ МАНАСТИР Фатени се додека обивале

09/02/2026
Македонија

Двегодишно дете на интензивна нега по напад од улични кучиња

09/02/2026
Македонија

ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026

09/02/2026
Македонија

ССМ повика на блокада пред Собранието

09/02/2026
Македонија

ЗАЕВ ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА КАРТЕЛОТ ЗАШТО Е НЕГОВА ТВОРБА

09/02/2026
Македонија

ДРАМА ВО БЛИЗИНА НА РУМА: Потрага по киднаперите на Даниел

09/02/2026
Македонија

ДРАМА НА ЛЕТОТ СКОПЈЕ – ПАРИЗ Поради срцеви тегоби на

09/02/2026
Македонија

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41219
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАЛОЛЕТНИЦИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ОГРАБАТ МАНАСТИР Фатени се додека обивале каса

09/02/2026

Oдговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка во СВР Тетово пријави дека во манастирот затекнал малолетници

Двегодишно дете на интензивна нега по напад од улични кучиња во Битола

09/02/2026

Двегодишно дете се наоѓа на одделот за интензивна нега на Клиниката за детска хирургија во Скопје, откако било нападнато од

ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026

09/02/2026

Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy