
Метеж на граничните премини!
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце и ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, на ГП Блаце времето на чекање е 20 минути, на ГП Ќафасан времето на чекање е околу 40 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.