
МЕТЕО АЛАРМ ЗА МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и снег
Под влијание на циклонска активност утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Во Скопската Котлина ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне и во вечерните часови.