
Метео аларм за Македонија: Попладнево доаѓа невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер
Претпладне во западните делови променливо облачно, а во источните сончево со
умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Попладне наместа ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 24 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон
крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде променливо облачно и нестабилно со
повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на
невреме. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.