
Метео аларм за Македонија: Попладне доаѓа невреме!
Денес претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.
Од утре следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец. Врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа) утре во југоисточните делови.
Во Скопската Котлина утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме.
Од вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
