
Метео аларм за Македонија: Ќе дува ветер до 60 километри на час!
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и топло. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во вечерните часови во северозападните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди и топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. T= 29 °C, P= 975 hPa, U= 30 %, V= 8 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)