
Метео аларм за Македонија: Ќе дува силен ветер со брзина над 70 километри на час, во форма на невреме!
Од УХМР велат дека во текот на денот ќе дува засилен, а на поединечни места и силен западен ветер со брзина над 70 километри на час, во форма на невреме.
Инаку, времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи.
Граѓаните се повикуваат на претпазливост.