
МЕТЕО АЛАРМ ЗА МАКЕДОНИЈА: Доаѓа невреме!
Утре ќе има повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.