
МЕТЕО АЛАРМ ЗА МАКЕДОНИЈА: Денеска многу топло, UV индексот е 10
И денес времето ќе биде сончево и многу топло.
Дневните температури наместа ќе достигнат околу 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.
До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и многу топло со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. UV=10. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец.
