
Метео аларм за Македонија, цела држава во жолта алерт фаза – доаѓа невреме
МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Под влијание на топла, влажна и нестабилна воздушна маса денес и во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

