
Метео аларм за денес: Повремени дождови, најобилни во источните делови
УХМР издаде метео аларм за денес, најавувајќи повремени врнежи од дожд низ целата земја. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови, каде локално може да паднат над 35 литри на метар квадратен.
Возачите и граѓаните се предупредуваат на можна намалена видливост и локално појавување на калливи патишта, особено во руралните и планинските подрачја.
Се препорачува внимателно движење и следење на новите временски информации.

