Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЕСТОТО НА МАКЕДОНИЈА Е ВО ЕВРОПА Со или без почнати пристапни преговори, САД сакаат да видат реформи
Македонија

МЕСТОТО НА МАКЕДОНИЈА Е ВО ЕВРОПА Со или без почнати пристапни преговори, САД сакаат да видат реформи

16/12/2025

AA

Без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот постои и сите би сакале да видиме повеќе напредок на тој план. Тоа го порача вечерва американската амбасадорка Анџела Агелер, зборувајќи за македонските евроинтеграции во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Според Агелер, и покрај разговорите за пристапување и членство во ЕУ на никаков начин не треба да бидат закочени напорите што се суштински дел од процесот за потребните реформите.

Како САД, рече Агелер, САД се многу јасни дека местото на Македонија е во Европа.

– Кога ги гледаме коридорите 8 и 10, националната безбедност на оваа држава и на регионот, тоа е многу важно и за трансатлантската врска. Затоа внимателно го следиме и сме исто така многу јасни. Погледенете, ова е местото каде е, ЕУ е природниот дом на оваа држава. Тоа што знам е дека оваа Влада води разговори, има чести разговори со земји членки, со лидери во Европската унија, Европската комисија и искрено бара начини како да се оди напред. Дали сите би сакале да видиме напредок и повеќе резултати? Мислам дека да. Но, исто така мислам дека е важно да се има предвид дека и покрај разговорите за пристапување и членство во ЕУ тоа не треба на никаков начин да ги закочи напорите кои се потребни, а кои се суштински дел од процесот во однос на реформите, затоа што реформи се потребни и искрено патот е многу јасен. Значи, без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот постои и мислам дека сите би сакале да видиме повеќе напредок на тој план – рече Агелер.

Амбасадорката дополни дека тоа е многу важно и за гласачите и оти постојано преку своите гласови и пораки кажуваат дека сакаат државата да напредува.

– И тоа се областите во кои сакаат да видат напредок – економијата, можностите и сите тие работи. Тоа е владеењето на правото и нема причина да не се оди напред во тие области.

Според неа, политичката криза во Бугарија не треба да го загрози процесот за дијалог затоа што, истакнува, членството на Македонија е во интерс на сите, вклучително и на соседите.

– Јас сум амбасадорка на САД во Македонија. Би било несоодветно да зборувам опширно за тоа, но ова треба да биде нешто што не треба да се закочи. И го имаме видено тоа со вашите соседи неколкупати досега. Кога се менувале влади, кога имало избори. Тоа не треба да го загрози целиот процес и мојата надеж и искрено уверување е дека има луѓе со добра волја од двете страну на границата кои сакаат ова да продолжи. Затоа што, искрено, членството на Македонија е во интерес на сите, вклучително и на соседите и тоа го видовме многу јасно со Грција на пример, сега тие се огромен економски партнер, безбедносен партнер, воен партнер и нема причина тоа да не се случи и со Бугарија. Нашата најголема надеж е дека ќе успеат да најдат начин како да продолжат затоа што повторно тоа е во најдобар интерес. Географијата е јасна – порача Агелер.

Таа не очекува наскоро САД да настапат како посредник меѓу Македонија и Бугарија, но укажува дека има искрена загриженост и интерес и поддржувачки интерес за тоа што се случува во нашата држава.

Ние, истакна таа, секогаш ќе бидеме и сме биле цврсти поддржувачи, пријатели и сојузници на оваа држава, како што всушност сме и со Бугарија.

– Дали САД ќе влезат да бидат посредник? Не би го очекувала тоа наскоро, сепак внимателно следиме. Вашинготон е многу заинтерсиран за тоа што се случува во оваа држава, особено министерот за надворешни работи, но и премиерот, како и други министри имаат патувано во САД , имаат одлични контакти со највисоките функционери во Вашингтон, имаат навистина добри разговори кои често ги водат на самити, на различни места, низ навистина добри разговори. Затоа има внимание, има искрена загриженост и интерес и поддржувачки интерс за тоа што се случува во оваа држава. Тоа секогаш е можност, но исто така сакаме да бидеме сигурни дека државата Владата го прави она што е најдобро за интересите на своите граѓани и на своите гласачи и продлжуваме тоа внимателно да го следиме – рече амбасадорката.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото повеќепартиско Собрание и долгогодишен претседател

02/08/2026

Во 103. година од животот почина д-р Никола Стојановски, потврди неговото семејство. Тој беше првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили на граница со Грција

02/08/2026

МВР информира дека вчера наутро во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy