
Меси против двајца Французи во изборот за најдобар фудбалер во светот!
Аргентинецот се смета за фаворит, без разлика што како конкуренти ги има фантастичните Карим Бензема и Килијан Мбапе. Меси во декември во Катар стана светски шампион со Аргентина, на Мундијалот фантастичен настап имаше и Мбапе, додека Бензема е актуелен освојувач на „Златната топка“ по одличните игри и резултати со Реал Мадрид
ФИФА истовремено ги објави и финалистките во женска конкуренција, каде за најголемото индивидуално признание ќе конкурираат Алесиа Путелјас (Шпанија/Барселона), Бет Мид (Англија/Арсенал) и Алекс Морган (САД/Орландо прајд). Наградите ќе бидат доделени на 27 февруари во Цирих.