
Меси победил „на мускули“, Милевски и Барди гласаа за Халанд
Двајцата освоиле по 48 бода, пред Мбапе кој добил 35, но признанието замина кај Меси поради еден важен фактор. Во гласањето на селекторите и капитените на репрезентациите, новинарите и фановите, Меси добил 107 номинации како првопласиран, а Халанд само 64. Тоа бил одлучувачки момент за третата награда The Best во кариерата на аргентинскиот ас.

Што се однесува до македонските претставници, селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди му дале максимален број бодови на Ерлинг Халанд. Милевски на второто и третото место го избрал фудбалерите на Манчестер Сити, Хулијан Алварез и Родри, а Барди им дал бодови на Килијан Мбапе и Лионел Меси.
