
„Меси кога игра за ПСЖ наликува на – духот Каспер!“
Тој беше исвиркан на последниот меч на „Паркот на принцовите“ што е доказ за неговиот лош однос со фановите на „светците“, како најава за скорешно заминување од Париз. Кон критиките на сметка на актуелниот светски шампион се приклучија и француските новинари.
„Ако сте навивач на ПСЖ нема по што да го памтите Меси. Апсолутно по ништо, чиста – нула. Што направи тој за клубот? Само неколку голови и асистенции. Тој кога игра за ПСЖ наликува на духот Каспер. Да, ти си еден од најдобрите во светот, но време е да се збогуваме“, изјави новинарот на РМЦ Спорт, Даниел Риоло.

