
Меси доби понуда со плата од 400 милиони евра годишно!
Специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо објави дека Меси добил понуда од Ал Хилал со плата од 400 милиони евра.
Богатите газди на Ал Хилал сакаат да ги променат плановите на Меси, кој сакаше да остане во Европа барем до 2024 година кога ќе се игра Копа Америка.
За потписот на Меси е заинтересирана и Барселона, но го чека извештајот од Финансискиот фер-плеј, по што ќе ја испрати понудата до нивниот поранешен фудбалер.
Во меѓувреме од услугите на Меси не се откажува ниту ПСЖ, кој ќе му понуди нова соработка, но конечната одлука останува на Аргентинецот.

