
Месиќ би ја ангажирал војската ако Додик ја отцепи Репубика Српска од БиХ
Ако Додик се одлучи за сецесија, би ја ангажирал армијата за да се пресече коридорот во Посавина, вели поранешниот хрватски претседател, Стипе Месиќ.
Објасни дека тој би ја ангажирал војската за да го пресече коридорот во Посавина доколку лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, распише референдум за отцепување на РС од БиХ.
Месиќ во интервју за регионалната телевизија Н1, одговори што би го советувал актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ доколку дојде до такво сценарио.
„Ако сакаме целосна БиХ и ако некој сака да ја скрши БиХ, ние со ОН, ЕУ и НАТО ќе мораме да одговориме со пресекување на коридорот и да ставиме крај на амбициите еднаш засекогаш“, вели Месиќ.
Тој рече дека сè уште се присутни тие кои го „поддржуваат договорот меѓу (Фрањо) Туѓман и (Слободан) Милошевиќ за поделба на БиХ“.
Додик со години зборува дека Република Српска не сака да биде дел од БиХ. Тој поради ваквите изјави „заработи“ санкции.