
Меси ја освои Златната топка, а му избега наградата во МЛС
Признанието отиде во рацете на грчкиот фудбалер и член на Атланта, Јоргод Јакумакис кој доби 45,78% од гласовите. Меси остана на второто место со 27,28%, а трет е Едуард Левен од Сент Луис со 15,44%.
Јакумакис имаше одлична сезона откако во февруари од Селтик се пресели во тимот на Атланта. Одигра 27 натпревари и постигна 17 гола со кои беше втор стрелец во лигата, зад Буанга од ФЦ Лос Анџелес.
