
Мермерен Комбинат АД Прилеп доби известување дека понудата за негово превземање е успешна
Мермерен Комбинат АД Прилеп е известен од понудувачот Долит Инвестментс АД, дека е добиено решение за успешност на понудата за превземање од Комисија за хартии од вредност. Веста е објавена во петокот на „Македонска берза“. Мермерен комбинат Прилеп неодамна беше актуелен заради промената на мнозинскиот сопственик.
Фирма што управува со инвестициски фондови или во име и за сметка на свои инвеститори купува компании во Југоисточна Европа ќе биде нов газда на прилепскиот Мермерен комбинат.
Тоа е друштвото ЕЦМ Партнерс кое договорило превземање на грчката компанија Pavlidis S.A Marble – Granite која досега беше сопственик на прилепскиот Мермерен комбинат.