Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мерко: Кога може да се колат јагниња, зошто не и кучиња?
Македонија

Мерко: Кога може да се колат јагниња, зошто не и кучиња?

31/03/2023

AA

Ако може да се колат јагниња и овци, зошто тогаш не може кучиња. Ваква скандалозна изјава даде струшкиот градоначалник Мерко, на седница вчера на Југозападниот плански регион, во присуство на градоначалници од другите општини и претставници на општинските администрации. Наместо да го реши проблемот со големиот број на улични кучиња во Струга, Мерко сега наоѓа други изговори.

Да колиш јагне добро е, да колиш јаре добро е, а не смеело куче да колиш. Да тепаме диви животни, да ловиме риба, да уништуваме билна маса. Сѐ правиме нешто што ни е потребно за наш живот, единствено ќе ги чувама кучињата. Да, да ги чуваме, но тие кои ќе ги чуваат како домашни животни, сѐ друго не може да се чува. Едно време сите ги тепавме. И со закон бевме поддржани. Тендер правевме со ловното друштво, излегуваа ноќе. Секое куче кое е надвор од контрола на сопственикот треба да се отстрани. По селата ги ништат. Еве јас отворено кажувам, не се плашам ни од закон ни од ништо, ми рече еден во Мислешево, јас наполнав цел трактор“, рече Мерко.

Неодамна општината се пофали дека започнала процес на заловување на и третман на кучињата скитници. Но Мерко вели дека тоа го направиле за да ја замајат јавноста.

„Јас отворено велам за да им замаглиме очи и на медиуми и на државата, одвоивме 600.000 денари, направивме тендер, едно прифатилиште од Куманово се јави, некои 70 кучиња ги прифаќа, ќе има кастрирање, стерилизирање. Но, не е тоа тоа. Гледаме пак нови кучиња“, вели Мерко.

Од здружението за заштита на животни Анима Мунди, ваквите изјави на Марко ја оквалификуваат како охрабрување за убивањето кучиња.

„И тоа не е изјави на некој обичен граѓанин туку на првиот човек на Струга, кој очигледно залутал во дејност чија одговорност не ја разбира. Рамиз Мерко, ова не е племенски сојуз, туку држава. Законите, стратегиите постојат за да се унапредуваат, а со идеите за тендери со ловни друштва и убивање на секое куче од улица, закана сте по се што е цивилизациска придобивка, претставувате опасност и ја срамите Струга. Ова е говор на омраза кој промовира и поттикнува насилство за што треба итно да се биде казнет. Со вакви сфаќања, повици и изјави човек не смее да биде политичар, ни малку градоначалник“, наведуваат од Анима Мунди.

Тие бараат Обвинтелството веднаш да постапи по случајот во Мислешево,а Мерко да биде повикан на распит. Пред два месеци во Струга се случи масовно убиство на кучиња, кога среде бел ден беа убиени неколку кучиња, а 62 годишен маж беше осомничен дека е сторител.

Мики Трајковски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy