
МЕРКАТА СТАРТУВАШЕ ДЕНЕСКА: Повеќе од 800 производи се со намалени цени
Во маркетите од денеска над 800 производи се со намалени цени.
Цените се пониски за 10 проценти. Поевтинуваат лебот и производите од житарици, месото, преработените месни и млечни производи, овошјето и зеленчукот, безалкохолните, но и алкохолните пијалоци. Оваа листа на намалени производи во маркетите ќе биде на сила до 15 јануари. Секој производ треба да е соодветно означен.
Пазарниот инспекторат врши засилени контроли во сите маркети и ги следи цените. Надлежните по обиколка во маркетите велат дека сите намалени производи биле обележани. Најавија и проширување на листата.