Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЕПСО „се збогати“ од енергетската криза
Економија

МЕПСО „се збогати“ од енергетската криза

11/07/2023

AA

МЕПСО остварил дури 201,5 милиони евра приход во 2022, покажува годишниот финансиски извештај на Операторот на системот за пренос на електрична енергија. Со зголемување на салдото за 52 отсто за една година, може слободно да се каже дека оваа компанија, заедно со некои снабдувачи, се единствените „добитници“ од енергетската криза што ја зафати земјата.

Од таму признаваат дека ваквото рапидно зголемување на приходите се должи на многу повисока цена изминатиот период која ја наплатуваа снабдувачите со електрична енергија.

– Основна причина поради која вкупните приходи бележат зголемување од 52 отсто е пред се поради зголемувањето на приходите од алокацијата на прекуграничните преносни капацитети кои се реализираа во висина од 71,54 милиони евра и кои се повеќе од три и пол пати повисоки.

Повисоките вредности на елементите кои го сочинуваат балансниот механизам се резултат на енергетската криза кај нас и пошироко во регионот, поради значително повисоката набавна цена на електрична енергија на отворениот пазар, потврдува МЕПСО во извештајот.

Од алокација на прекугранични преносни капацитети, што се наплаќа од приватните снабдувачи, се заработени 71,5 милиони евра, што е за огромни 52 милиони евра повеќе за една година. Нето приходите се за 32 милиони евра повисоки во оваа категорија. Станува збор за нови правила за доделени аукции на годишно и месечнo ниво на доделување прекуграничните капацитети кои стапија на сила од 1 јануари 2022.

Освен тоа, 35,85 милиони евра се наплатени за пренос на електрична енергија по регулирана тарифа зголемена во 2022 од страна на Регулаторната комисија за енергетика за 23,77 отсто и по тој основ се собрани 7,88 милиони евра повеќе.

Зголемениот надоместок на активна електрична енергија за големите директни потрошувачи и ЕВН Електродистрибуција на МЕПСО му донел 31,6 милиони евра, односно 6,81 милиони евра повеќе.

Околу 70 милиони евра чинеле системските услуги, вклучително и наплата на отстапувања со непланирано трошење и влечење струја од надворешниот пазар. Наплатени биле 23 милиони евра како компензација за непланирано трошење на струја, што е за 17 милиони повеќе од една година претходно. Зголемената тарифа на приходите од врвната активна моќност донеле 3,85 милиони евра за МЕПSO, или за 31 отсто повеќе. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45809
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy