Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика
Економија

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

25/04/2025

AA

 Министерството за енергетика се надева дека Предлог на законот за енергетика во наредните месеци ќе биде усвоен на пленарна седница во Собранието, со што ќе можат да започнат неколку клучни реформи во енергетскиот сектор. Во самото обемно законско решение, на денешниот брифинг со новинарите, беше кажано дека изрично нема да може да биде понуден на продажба операторот на системот за пренос на електрична енергија МЕПСО.
Акционерското друштво во државна сопственост ќе му припадне на Министерството за енергетика и во предлог-законот има посебни одредби кои нема да дозволат да биде продаден операторот на заинтересирано приватно лице. Пред две години беше лиферувана информација дека грчкиот електропреносен систем сака да купи дел од МЕПСО, но тогашната власт ја демантираше гласината.

 Министерката за енергетика, Сања Божиновска, меѓудругото,рече со овој закон, операторот на електродистрибутивната мрежа ќе мора наместо постоечките да инсталира смарт броила за потрошувачите на електрична енергија и тиа да можат да бидат со далечинско отчитување. Оваа мерка ќе треба за седум години да опфати 80 отсто од потрошувачите.

Законот ќе овозможи и регулација на батериските системи за складирање на вишоците на електрична енергија, нешто што досега не беше возмножно затоа што не постоеја прописи за тоа. Производството во пиковите од страна на големиот број на фотоцентрали што се градат и што веќе се изградија во изминатиот период, одреден дел од денот ќе може да се складираат во батерии.

– Со овој закон е пропишано задолжително обновување на мрежата на МЕПСО во наредните години, бидејќи сега таа е застарена, а исто така ќе се знае кои од потенцијалните инвеститори во обновливи извори на енергија ќе може да побара приклучок. Тоа ќе се прави плански од година за година, а не како сега. Има прелиминарни барања за приклучоци за инвестиција од вкупно 10.000 мегавати, ама голем дел од тие инвеститори немаат купено уште ниту земјиште и им го држи редот на тие што се сериозни во намерите, рече Божиновска на средбата со медиумите.
Министерката додаде дека ќе биде и регулирано кој се кај ранливите категории на граѓани ќе може да добива државни субвенции за плаќање на сметките за електрична енергија. Во моментов има над 50.000 ранливи потрошувачи кои ја добиваат оваа парична помош.

Собраниска Комисија за европски прашања на средината од овој месец го разгледа и едногласно прифати Предлог на законот за енергетика во прво читање. Комисијата со 11 гласа „за“, без против и воздржани, предлог законот го проследи на понатамошно читање. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy