Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наградата патент на годината за еколошкиот систем за гасење пожар на изумителите Борис Јанковски и Искра Јанковска-Михајловска од „Веда“
Македонија

Наградата патент на годината за еколошкиот систем за гасење пожар на изумителите Борис Јанковски и Искра Јанковска-Михајловска од „Веда“

25/04/2025

AA

Еколошкиот систем за гасење пожари, дело на компанијата „Веда“ и изумителите Борис Јанковски и Искра Јанковска-Михајловска, ја освои наградата Патент на годината – највисокото државно признание за иновации, што традиционално го доделува Државниот завод за индустриска сопственост. „Веда“ е мала семејна фирма, основана во 1991 година од инженерот и истражувач Јанковски, а денес со неа управува неговата ќерка Јанковска-Михајловска.

Наречен „Систем за сузбивање и гасење пожар во литиум јонски батерии и други затворени простори“, изумот овозможува гасење во моментот на настанување на пожарот, што е приоритет во техниките на гасење. Овој пронајдок користи супстанца што е потврдена како нетоксична според меѓународни стандарди и протоколи, а тоа е важно затоа што Европската комисија постојано ги заострува регулативите поврзани со емисија на токсични гасови.

„Оваа супстанца е соодветна за употреба во станбени и јавни простори, во простории каде што има луѓе и е безбедна алтернатива на постојните системи за гасење пожари, кои поради нивната штетност за околината се во процес на повлекување во Европската унија. Системот може да се примени во различни сектори, електрични возила, камиони, автобуси, воена и полициска опрема, системи за производство на енергија од сонце и ветер. За време на ковид кризата со тимот работевме интензивно на овој систем, со поддршка на Фондот за иновации, и стасавме до фаза кога веќе може да влезе во индустриско производство“, вели изумителот Јанковски.

Овој пронајдок во 2022 ја доби првата награда на американскиот натпревар за висока технологија поддржан од американската армија и Министерство за одбрана на САД, а следната година Искра Јанковска-Михајловска во Вашингтон го доби признанието „Жена во фокус на технологијата“.

„Драго ми е што со ова признание Патент на годината завршува процедурата дома, а ние ќе продолжиме и понатаму и ќе го патентираме нашиот пронајдок и во странство. Ова е многу значајно за развој на нашиот бизнис, бидејќи сме фирма што ги продава технологиите што ги создава. Но, без иновации нема напредок. Така што, значењето на овој пронајдок ги надминува границите на нашата фирма и на нашата држава. Тој е значаен за развојот на различни бизниси во кои може да се имплементира, а во исто време да ја заштити животната средина“, вели Јанковска-Михајловска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Поранешниот струмички градоначалник Коста Костадинов стана татко: Се роди малиот

08/09/2026
Македонија

Ахмети со честитка по повод Независноста на Македонија: Албанците не

08/09/2026
Македонија

Сиљановска Давкова: Независноста е трајна задача – да ја градиме

08/09/2026
Македонија

Земјотрес ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

08/09/2026
Македонија

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026
Македонија

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство

07/09/2026
Македонија

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45536
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Поранешниот струмички градоначалник Коста Костадинов стана татко: Се роди малиот Никола

08/09/2026

Поранешниот градоначалник на Струмица, Коста Костадинов, и неговата сопруга Снежана станаа родители на машко дете. Приновата во семејството стигна на

Ахмети со честитка по повод Независноста на Македонија: Албанците не бараа друга држава, туку еднаквост

08/09/2026

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по повод 35-годишнината од независноста на Република Северна Македонија упати порака

Сиљановска Давкова: Независноста е трајна задача – да ја градиме Македонија за младите да останат

08/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитка по повод 35 години независна Македонија. „Пред  35 години го доживеавме нашиот трет Илинден,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy