Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЕПСО му платил 9 милиони евра на ТЕЦ Неготино, но тие не се вклучиле кога било најпотребно
Економија

МЕПСО му платил 9 милиони евра на ТЕЦ Неготино, но тие не се вклучиле кога било најпотребно

11/04/2023

AA

Државниот завод за ревизија во својот последен извештај утврди дека операторот за пренос на електрична енергија МЕПСО и исплатил на термоелектраната ТЕЦ Неготино сума од 9 милиони евра за да биде подготвена за работа во секое време, но таа не се вклучила кога е најпотребно – во екот на енергетската криза.

АД МЕПСО во периодот од 2019 до 2021 има склучено договор со ТЕЦ Неготино кој се однесува за обезбедување на електрична енергија во случај на загрозување на сигурноста во снабдувањето, хаварии или поголеми отстапувања на потрошувачката од предвидените количини. Предвидено е АД ТЕЦ Неготино да ја чува расположливата моќност на термоцентралата само за потребите на АД МЕПСО, за кој период се исплатени 531.998.000 денари, од кои 219.778.000 се исплатени во 2021 година. 

Иако финансиски била помогната термоцентралата, при појавата на енергетската криза во октомври 2021, не е извршено нејзино активирање за производство на електрична енергија, констатира ДЗР. До крајот на минатата година, односно до крајот на декември од МЕПСО од овие 68 милиони евра, останале ненаплатени повеќе од 14 милиони евра.

За директорот на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски, токму за овие ненаплатени 14 милиони евра треба некој да сноси одговорност, а за тоа побара активно да се вклучат надлежните иституции.

Ова е една од причините што АД ЕСМ и трговците преку МЕПСО посегнале по повлекување на електрична енергија од европскиот систем во висина од 68 милиони евра во овој период. 

– Зошто нема функционална внатрешна ревизија како основна алатка на менаџментот. Ако имаме функџионална внатрешна ревизија, ни треба повеќе време за ревизија на овие субјекти и да извлекуваме клучни сознанија.

Во прашање се загубени 14 милиони евра за недозволени отстапувања при влечење на струја од електроенергетскиот систем на ЕУ.

ДЗР ги има сите докази, но не може инспектор од МВР во овој случај да биде покомпетентен од ревизор на ДЗР, рече главниот државен ревизор Максим Ацевски при презентацијата на извештајот.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy