Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МЕПСО МОЖЕ ДА ИСКЛУЧУВА ФОТОВОЛТАИЦИ ЗА СТАБИЛНОСТ НА СИСТЕМОТ“: вонредна средба во енергетскиот сектор
Економија

„МЕПСО МОЖЕ ДА ИСКЛУЧУВА ФОТОВОЛТАИЦИ ЗА СТАБИЛНОСТ НА СИСТЕМОТ“: вонредна средба во енергетскиот сектор

30/04/2025

AA

Во текот на утрешниот празничен ден, 1 Мај, повторно
ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на
електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни
услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен
и сигурен електроенергетски систем.

Одлуката е
донесена на вонреден состанок на министерката за енергетика Сања Божиновска, со претседателот на
РКЕ, Марко Бислимоски, и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар
Пауновски.

– Овие два дена во
Атина, каде што се одржува Балканскиот енергетски самит, разговаравме со
колегите од регионот и се координиравме околу мерките што сите земји мора да ги
преземат за стабилен систем. 

Како веќе информиравме, со координација меѓу сите
клучни енергетски чинители и по насока на ENTSO-E, МЕПСО веќе примени дел од
тие мерки за велигденските празници и успеавме да го неутрализираме ризикот од
блек-аут – граѓаните имаа непречено снабдување со електрична енергија. 

Проценките се дека ваквата состојба ќе продолжи и за престојните првомајски
празници и затоа е неопходно овие мерки повторно да се активираат – изјави
министерката Божиновска.

Оваа мерка, која
за првпат беше применета за време на велигденските празници, подразбира
привремено исклучување на фотоволтаични електрани со цел да се растерети електроенергетската
мрежа и да се овозможи сигурно управување со системот во услови на зголемени
флуктуации и оптоварување.

Мерките
предвидуваат примена на корективни диспечерски интервенции, односно привремено
и наизменично исклучување на дел од фотоволтаичните електрани поврзани на
преносната и дистрибутивната мрежа, со што МЕПСО ќе има целосна можност да го
раководи системот и да ја обезбеди неговата стабилност.

За потсетување македонскиот електросистем бил пред можен колапс за време на велигденските празници, поради големото производство на електрична енергија од фотоцентралите во земјата во ситуација кога истата немало каде да се пласира за потрошувачка, односно немало немало ни одблиску доволно побарувачка за таа струја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy