Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЕПСО има најмногу вработени по километар далновод во регионот и е најпривлечна за вработување на роднини на политичката елита
Македонија

МЕПСО има најмногу вработени по километар далновод во регионот и е најпривлечна за вработување на роднини на политичката елита

02/10/2023

AA

Државната МЕПСО со 605 вработени е рекордер во регионот ако се пресметува по километар далновод. Вработувањата постојано се зголемуваат, а компанијата образложува дека тоа се должи на работите на мрежата и дека потребни се повеќе високостручен кадар, кој пат тешко се наоѓа на македонскиот пазар.

Македонскиот оператор има 27 вработени на 100 километри мрежа, во Хрватска 16, Босна и Херцеговина 19, а Србија 2,5 пати помалку од Македонија, односно 12.

Согласно лиценцата издадена од Регулаторната комисија за енерегетика, во МЕПСО е основата подружница „Оператор на преносна мрежа“ и претставува најголема целина по обем на работа и број на вработени.

„Подружницата се грижи за оперативноста и функционалноста на 2.250 километри делководи со 7.000 столбови на напонско ниво од 35 до 400 киловати. Се грижат за 57 трафостаници“, стои во објаснувањето на МЕПСО.

На годишно ниво, за сите вработени во МЕПСО се издвојуваат 7,6 милиони евра, што е намалување за 1% споредено со 2021 година. Вредноста велат дека зависи од бранувањето на бројот на вработени, просечната месечна плата и квалификациската структура.

„На крајот од 2022 година, бројот на вработени во МЕПСО изнесува 605 лица, а месечната плата по вработен изнесуваше 61.177 денари, а за 2022 година месечната бруто плата по вработен е во пораст и изнесува 62.004 денари“, се вели во Годишниот финански извештај на МЕПСО.

МЕПСО лани за трошоци на вработените потрошила 700.000 евра и во оваа сума се опфатени трошоците за вработените за семинари и тековни обуки во земјата и странство во висина од 125.000 евра, К-15 во висина од 350.000 евра, јубилејните награди во висина од 60.000 евра, трошоците за отпремнина на вработени кои заминале во пензија околу 80.000 евра, трошокот за помош на вработени од 50.000 еврра и надоместокот за новороденче од 4.500 евра.

Во 2007 година МЕПСО имал 411 вработени, во 2014 имал 479, потоа во 2017 година стигнал до 540 вработени, а сега се 605, што за 15 години е зголемување од 30 отсто.

Оваа државна компанија е и најатрактивна за вработување на роднини на функционери, посебно по секоја промена на власта. Последни звучни вработувања беа синот на поранешниот премиер од СДСМ, Владо Бучковски, ќерката на Невзат Бејта од ДУИ кој беше градоначалник на Гостивар и сестрата на Крешник Бектеши, актуелен министер за економија.

Овие вработувања беа спорни и за Државната комсија за спречување на корупцијата, но од МЕПСО објаснија дека сите тројца се примени на јавен оглас затоа што ги исполниле критериумите.

Од средината на месец септември МЕПСО доби нов директор. Зуди Енузи Кока дојде на функцијата откако претходно беше шеф на кабинет на сега разрешениот Информациите велат дека оваа промена на директорското место во МЕПСО е резултат на внатрепартиска расправија. Инаку, Зуди Енузи Кока директоруваше и во Јавното претпријатие Комунална Хигиена а беше разрешен од страна на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Овој отказ следуваше по вооружениот инцидентот на неговиот брат Цуфи Кока на Плоштадот Скендер Бег, во кој со пиштол во рацете беше регистриран од медиумите на протестот против францускиот предлог.директор Сурија Рашиди.

О.К

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија

12/06/2026
Македонија

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје

12/06/2026
Македонија

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство

12/06/2026
Македонија

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

12/06/2026
Македонија

Уапсен македонски државјанин во Албанија со килограм хероин скриен во

12/06/2026
Македонија

Крај на исплатите во готовина? Се подготвуваат измени за брзите

12/06/2026
Македонија

Муцунски од Истанбул: Време е политичкото партнерство со Турција да

12/06/2026
Македонија

Наташа Крстевска-Цалева повторно на чело на Вишото јавно обвинителство Скопје;

12/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија или еднаш Канада

12/06/2026

Додека глобалните пазари сè уште ги сумираат ефектите од историското излегување на SpaceX на берзата во јуни 2026 година, споредбите

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје за речиси пет минути

12/06/2026

Во рамките на конференцијата „Traffic for All – Skopje“, организирана од здружението „Go Green“, медиуми и учесници најпрво патуваа со

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

12/06/2026

Ноќеска (12.06.2026) во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 59-годишна жителка на струмичко село. Според пријавеното, таа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy