Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Менди Ќура повторно во СКСЗМ, овојпат како кандидат – планови за почиста и поорганизирана Струга
Македонија

Менди Ќура повторно во СКСЗМ, овојпат како кандидат – планови за почиста и поорганизирана Струга

15/10/2025

AA

Менди Ќура, поранешниот претседател на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, кој сега се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Струга, се сретна со своите поранешни колеги од Комората за да разговара за можностите за заедничка соработка.

На средбата, Ќура најави дека ќе воспостави партнерство со приватна компанија за селекција на отпадот во Струга, како дел од напорите за подобра заштита на животната средина.

„За општина Струга започнуваме соработка која се однесува на селекција на отпадот, што ќе биде од големо значење за граѓаните. Од првиот ден ќе работиме со Стопанската комора, која има искуство и капацитет да придонесе во реализацијата на вакви проекти. Нашата цел е да го искористиме тоа знаење за доброто на сите жители на Струга“, изјави Ќура.

Од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија информираа дека на кандидатот му доставиле платформа со конкретни предлози, меѓу кои и барања за решавање на проблемот со дивите депонии и подобра заштита на животната средина. Вршителот на должноста претседател на Комората, Нухи Алиу, нагласи дека Струга се соочува со сериозни здравствени проблеми поврзани со загадувањето.

„Струга е означена како град со висока стапка на заболени од рак во однос на бројот на жители. Господинот Ќура презентираше конкретни проекти кои имаат цел да ги ублажат факторите што го предизвикуваат ова, со што ќе придонесе за подобрување на здравствената состојба на населението“, изјави Алиу.

На средбата биле отворени и други теми важни за локалниот развој – меѓу нив забрзување на издавањето градежни дозволи, донесување на урбанистички планови, поголема транспарентност на општината и поефикасна администрација.

Да потсетиме, Менди Ќура ја има поддршката од коалицијата ВЛЕН во трката за градоначалничката функција во Струга.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy