
МЕНАЏИРА СО КОМПАНИЈА ВРЕДНА 190 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ПА ГО СПОДЕЛИ НАЈДОБРИОТ СОВЕТ ШТО НЕКОГАШ ГО ДОБИЛА: Ова е успешната Лиса Су
Лиса Су е извршна
директорка на производителот
на чипови Advanced Micro Devices (AMD) веќе 10 години. Кога беше избрана за
извршен директор, опстанокот на оваа компанија беше доведен во прашање, а сега
вреди 190 милијарди долари.
Во говорот што го одржа во Политехничкиот институт Ренселаер, таа потсети дека не било лесно
да се направи пресврт во кариерата,
па го сподели најдобриот совет што некогаш го добила.
– Трчај кон најтешките проблеми. Таму се најголемите
можности, каде што учиш најмногу, каде што се издвојуваш и најважно од сè, каде
што растеш – нагласи Су.
Таа го добила
овој совет од извршниот директор на IBM, Џо Кели, и токму тоа ја задржа во AMD.
– Кога се приклучив на (AMD), беше јасно дека компанијата
има шарени резултати. Но, го видов потенцијалот, луѓето, визијата и можноста да
помогнам во водењето на важна компанија. Всушност, тоа беше мојата работа од
соништата – изјави таа.
Су и нејзиното семејство емигрирале од Тајван во Соединетите
Држави кога имала три години. Дипломирала во средното училиште Бронкс во 1986
година, а дипломирала, магистрирала и докторирала електротехника на престижниот
Масачусетски институт за технологија (МИТ).
Пред да ја преземе AMD, таа работеше во технолошките
компании Texas Instruments, IBM и Freescale. Според неа, тешките предизвици
вредат за трудот бидејќи нивното решавање е најисплатливо.
фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO